Ќе биде тешко, против нас се сите големи на Запад, но сепак, ние ги имаме правото и правдата на наша страна, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Уште поважно од тоа, тие не разбираат колку е силна љубовта кон слободата и колку силно и цврсто можете да го заштитите својот народ, и покрај сите притисоци, рече Вучиќ на пат за Брисел на новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина.
Дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина продолжи денеска во Брисел со разговори на кои учествуваат Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, како и претставници на Европската унија.
Во видеото објавено на социјалните мрежи, Вучиќ вели дека денес Курти и неговите помагачи и се закануваат на Србија, потсетувајќи на некои стари времиња, зборувајќи за борбата за слобода, заборавајќи дека Србите се тие кои се бореле за слобода, не само против терористите, туку и против НАТО агресори.
– Неколку дена, а особено вчера и денеска, Албин Курти води кампања против Србија, брутална и валкана, тој и неговите помагачи. Во нив беа вклучени сите, Шаип Камбери, Азим Власи… од сите аналитичари и политичари. Закани за Србија, потсетуваат на некои стари времиња, зборуваат за борба за слобода, заборавајќи дека Србите се бореле за слобода, не само против терористите, туку и против агресорите на НАТО, рече Вучиќ.
Како што рече, пролеаната крв не се враќа, крвта се пролеа за слободата и тоа не може да се заборави.
– Ќе го имам тоа на ум вечерва. Да живее Србија, нема предавање, вели Вучиќ во видеото од авионот на пат за Брисел.