Вучиќ одржа итен состанок со министрите пред утрешното укинување на динарот на Косово

/ 30.01.2024

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва одржа итен состанок со дел од министрите на Владата на Србија.

Вучиќ, вечерва одржа итен состанок со дел од министрите на Владата на Србија, откако премиерот на Косово, Албин Курти го одби предлогот на САД, ЕУ и земјите од Квинта и одлучи дека забраната за употреба на динарот на Косово ќе почне утре, соопштија за Танјуг во Претседателството.

На средбата што се одржала во Претседателството се разговарало за следните чекори што Белград ќе ги преземе во оваа прилика, објави Телеграф.

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, претходно денеска во Приштина најави дека владата на Косово утре ќе презентира информации за забраната на динарите на Косово.

Лајчак по средбата со премиерот и претседателката Албина Курти и Вјоса Османи рече дека во разговорите се разговарало за одлуката на централната банка за суспендирање на динарот, но не сакал да даде повеќе детали. .

„Го споменавме прашањето за одлуката на Централната банка на Косово, но јас нема да бидам портпарол на косовската влада. Ќе има информации што ќе бидат објавени утре“, рече Лајчак.


Од истата категорија