Српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе објави нови мерки за Белград откако е регистрирано влошување на епидемиолошката состојба во главниот град, јавија белградските медиуми.

Вучиќ треба да ги објави новите мерки по средбата на Кризниот штаб.

Според дел од српските медиуми, се разгледуваат опции за повторно воведување полициски час во вечерните часови, или, што е далеку поверојатно, целосно затворање на Белград, што ќе значи забрана за влез и заминување од градот.