Претседателот Александар Вучиќ вечерва присуствуваше на прием во резиденцијата на американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, по повод американскиот национален празник Денот на независноста, 4 јули.

„Им честитав на Амбасадата на САД за Денот на независноста и укажав дека тоа е вистински повод сите да се потсетиме на универзалните вредности вткаени во Декларацијата за независност, кои се однесуваат на еднаквоста на сите луѓе и нивните неотуѓиви права на живот и слободата“, се вели во изјавата на претседателот Вучиќ на Инстаграм.

„Србија останува посветена на мирот, како и на зајакнувањето на партнерството со САД, убедена дека нашиот стар, историски сојуз ќе добие нов замав во годините што доаѓаат“, нагласи Вучиќ во објавата на Инстаграм.