„Сега ќе ве изненадам со тоа што ќе ви го кажам. Му се јавив на Дачиќ утрово, го разбудив, да видам што се случува со Северина. Ми рече дека е така и така и ми кажа дека не е приведена, ја задржале на граница два часа. Мислам дека тоа е многу глупаво и непотребно. Не поради Северина, за која мислам сѐ најлошо. Ние мора да се разликуваме од нив во сѐ. Боже сачувај да водам држава во која ќе се апси секој што ги слуша песните на Томпсон. Пуштете ги сите, и Селма Бајрами. Тоа што тие ја мразат Србија, зборува за нив. – рече Вучиќ.
Посочува дека списоците со естрадни лица на кои им е забранет влез во Србија, ќе бидат укинати во следните два-три дена.
– Во Србија денеска нема кој не реагирал од политичките партии и од таканаречената демократска јавност. Затоа што има некоја пејачка, која вели дека Србија е геноцидна земја, а јас сум диктатор и која знае дека Србите се злосторници, но сака да зема пари овде. Молчеа, ниту една објава не стигна до Немања Бериќ. Беше 15 дена во затвор, тепан и малтретиран!, пренесе Телеграф.
На пејачката Селма Бајрама и беше забранет влез во Србија, како и на раперите Јала Брат и Буба Корели, пејачката Јадранка Барјакатаровиќ, старлетата Сораја Вучелиќ, учесникот во Ѕвезде Гранда Садик Хасановиќ и актерот Феѓа Штукан.