Во демократските општества работите се решаваат со дискусија, порача српскиот претседател Александар Вучиќ во последното обраќање до граѓаните.

„В среда голема и важна вест за граѓаните на Србија! Сè уште ги чекаме оние што протестираат да дојдат да разговараме, но немаме време само да седиме и да чекаме, мораме да работиме понапорно од кога било и да ја туркаме нашата Србија напред“, напиша Вучиќ на својот инстаграм-профил „Будуќностсрбијеав“.