Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека Србија нарачала повеќе од 10 милиони вакцини, но дека примила два милиони.
„Утре ќе пристигнт 41 000 на „Фајзер“, 46 000 следната недела“, најави тој.
Како што рече, Србија не успеа да добие никаква вакцина од системот Ковакс.
„Очекуваме 800.000 вакцини АстраЗенека од Полска“, рече тој.
Зборувајќи за помошта за Македонија, Вучиќ спомена дека Србија не смее да извезува вакцини, но може да помогне.
„Среќни сме што можеме да им помогнеме на нашите браќа и тоа е тоа, да ги вакцинираме барем оние во црвената зона“, спомена Вучиќ.
“Имаме вакцини и ќе имаме повеќе. Само луѓето треба да разберат дека треба да бидеме подисциплинирани”, рече тој.
Како што спомена, дел од медицинските работници од Република Српска ќе бидат вакцинирани во Србија, а тоа ќе биде договорено со српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.
„Постои желба да и се помогне на Црна Гора колку што можеме“, изјави тој.
Вучиќ рече дека неговата мајка примила кинеска вакцина, и дека таа не ја примила ревакцинацијата.
“Таа беше примена во болница и на петтиот ден леукоцитите почнаа да се повлекуваат. Лекарите велат дека тоа било поради примената вакцина. Вакцината што ја примила и го спаси животот”, забележа тој.
Како што рече, Србија ќе мора да вложи многу повеќе во производство на вакцини, а покрај вакцината Спутник V, во Србија ќе има уште едно производство на вакцини за коронавирус.
„Болеста ќе ја има во следните три или четири години, ние треба стратешки да се подготвиме за производство на вакцината. Прво ќе се обидеме да ја направиме смесата, а потоа ќе имаме своја технологија. До крајот на годината ќе произведуваме 20 милиони дози, потребни ни се 6 милиони. Останатиот дел би можеле да го извезуваме “, рече тој.