Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше по одлуката на Европската унија да го забрани увозот на руска нафта во Србија преку ЈАНАФ ((Јадрански нафтовод). Вучиќ рече дека во нацрт-одлуката Србија била изземена од неа, но дека на инсистирање на Хрватска сепак била вклучена во одлуката. Потоа ги обвини хрватските новинари дека ја измислиле неговата изјава дека Хрватска е одговорна за тоа и додаде дека Хрватска „само си ја работи својата работа, од 1941 година“.
Српскиот претседател не застана тука и продолжи со обвинувањата кон Хрватска, а влезе во вербален конфликт со новинарите од Хрватска кои се обидоа да му постават прашања.
„Само ве молам, не викајте. Прво да одговорам овде, а потоа учтиво ќе одговорам на вашата хистерија и нервоза“, им рече тој на хрватските новинари, пред да одговори на прашање на српската новинарка Пинк.
„Луѓето ја измислија мојата изјава дека сум рекол дека Хрватска е виновна и ви повторувам – Хрватска само си ја вршеше работата, сето она што тие го прават од 1941 година па наваму. Само нека продолжат да си ја вршат работата. Што се однесува до нас, во наредниот период ќе зборувам за одредени длабински, стратешки и важни економски, политички и далекусежни одлуки“, рече Вучиќ.
На прашањето на хрватските новинари зошто ја обвинува Хрватска што Србија не воведува санкции кон Русија, Вучиќ повтори дека „Хрватска само си ја работи својата работа“.
На забелешката на хрватските новинари дека на насловните страници на српските таблоиди Хрватска ја споредуваат со НДХ, Вучиќ рече дека нема свои насловни страници. „Зборувате за мене или за српските медиуми? Се пофаливте во вашите медиуми, ви честитаме за тоа“.
„Воопшто не ја обвинувам Хрватска. Хрватска само си ја работи својата работа и се што направи во претходните 80 години. Што се однесува до Хрватска, вие самите се пофаливте дека сте зад неа против Србија. Во однос на воведувањето или невоведувањето санкции, уште еднаш ќе ви повторам – вие не сте тие што ќе ја водат политиката на Србија“, рече Вучиќ и додаде дека е „многу горд на фактот што Србија е слободна земја и дека таа сама носи одлуки“.