Претседателот на Србија во Краљево на предизборната средба изјави дека судбината на Србија ќе биде скршена во следните четири години и им порача на граѓаните дека изборите не се игра.
Вучиќ рече дека иако пред секои избори се зборува дека се судбоносни, одлучувачки и од клучно значење, не би било погрешно да се каже истото и за овие.
„И за овие избори, ако кажеме така, сигурно нема да погрешиме. Нема да погрешиме, бидејќи во следните четири години ни претстојат големи задачи. Во следните четири години судбината на Србија ќе се скрши“, истакна Вучиќ.