За време на церемонијата по повод доделувањето одликувања на Денот на државноста, српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше изјавата на Рама Албанија ќе биде на страната на Косово ако некој го нападне со оружје.
„Денес некој рече дека ако некој го нападне Косово, Албанија нема тоа да го дозволи, ќе биде на таа страна, не знам кој би го направил тоа. Замислете и јас да кажев нешто слично. Можеше да се слушне само молк денес. Замислете некој од нас да го кажеше тоа, ќе слушневте татнежи од пцости и навреди, авиони и топови, само еднаш засекогаш да ги замолчат Србите“, рече Вучиќ.