Вујовиќ селектираше 20 фудбалери за средбите со Шпанија, Израел и Фарски Острови

/ 18.10.2018

 Македонската фудбалска репрезентација до 17 години в сабота на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ги започнува натпреварите од претквалификацискиот турнир за влез во Елитна фаза квалификации на УЕФА.

Селекторот на Македонија до 17 години, Марио Вујовиќ за турнирот кој ќе се игра во Скопје повика 20 фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Филип Ваневски (Њу Старс);

Одбрана: Спасе Терзиев (Академија Пандев), Анатолиј Петајчук (Вардар), Али Асани (Вардар), Бесфорт Арифи (Мастрих, Холандија), Александар Ѓурковски (Вардар), Иван Николов (Академија Пандев), Горазд Стојменов (Њу Старс), Нешад Мурати (Шкендија); Среден ред: Димитар Тодоровски (Работнички), Марио Илиевски (Септември, Бугарија), Филип Андоновски (Вардар), Лука Станковски (Работнички), Влада Новевски (Војводина, Србија);

Напад: Бехар Фетаи (Њу Старс), Сава Аврамовски (ОФК Београд, Србија), Марио Костески (Работнички), Методи Максимов (Работнички), Азер Омерагиќ (Вардар).

– Нашата цел влез во елитните квалификации за пласман на Европско првенство. Сметам дека во овој тим голема поддршка и квалитет ќе донесеше Никола Секулов доколку беше во репрезентацијата, но иако добиваше покана за настап не ја прифаќаше, односно не сакаше да игра за Македонија. Kако и да е, ние сме сконцентрирани на натпреварите кои ни следуваат, ќе биде многу тешко со првиот фаворит Шпанија, но шансата ќе ја бараме со репрезентациите на Израел и Фарски Острови, изјави селекторот Марио Вујовиќ за сајтот на ФФМ.

Македонија првиот дуел го игра против Шпанија на 20 октомври во 14:30 часот, во истиот термин на 23 и 26 октомври ќе се соочи со селекциите на Израел и Фарски Острови.


Од истата категорија