Србија треба што поскоро да прифати дека не сака, а и не може да влезе во ЕУ и дека таму нема место за нејзе, изјави министерот за внатрешни работи и лидер на Социјалистичкото движење на Србија, Александар Вулин.
Тој ова го кажа во интервју за весникот Вечерње новости, како одговор на прашањето за отвореното барање од Брисел, Србија да воведе санкции кон Русија и да го признае Косово. Вулин додаде дека односот кон ЕУ не е прашање на емоции, туку на рационални одлуки.
– Прашањето не е дали сакаме да влеземе во ЕУ, прашањето е дали ЕУ ја сака Србија. Судејќи според лудите уцени на кои не изложуваат да го признаеме Косово, да ја укинеме Република Српска и да воведеме санкции кон Русија, тие не не сакаат, изјави Вулин.
Тој тврди дека ЕУ како сојуз е минато, бидејќи со губењето на политичката независност, земјите од ЕУ станаа територии, а не држави.
-Верувам дека пријателството со Русија е од најголемо значење и дека без него ризикуваме физичко исчезнување на Србија, рече Вулин.