Голем број австриски и германски медиуми го пренесоа реагирањето на министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, дека „ако Косово е клучно за ЕУ, Србија треба да тргне по свој пат“ и од изјавата изведоа заклучок дека Србија размислува за напуштање на европскиот пат.
Виенскиот „Пресе“ пишува дека „Србија размислува за промена на политиката и свртување од ЕУ“, а и германскиот Цајт е речиси идентичен во своите наводи. Слично е и со низа други австриски и германски медиуми кои ја пренеле изјавата на Вулин дека не е можно помирување на Србија со Косово и дека поради тоа, ако бившата покраина е услов за ЕУ, Белград ќе оди во друг правец.
Австриските и германски медиуми потсетуваат дека Брисел размислува за прием на Србија во ЕУ до 2025 година, но под услов да ги нормализира односите со Ксово. Под тоа „нормилизира“ очигледно се подразбира да го признае Косово.
На сето ова реагирал и Вучиќ кој потсетил дека надворешната политика на Србија е одредена и дека таа не зависи од изјавите на било кој политичар.