Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските разузнавачки служби им помогнале на властите во борбата против повеќемесечните антивладини протести. Протестите, предводени од студенти и поддржани од професори, земјоделци и работници, траат од ноември минатата година, откако 16 лица загинаа во уривањето на покривот на железничката станица во Нови Сад.
„Многу сум им благодарен на руските специјални служби кои секогаш нè поддржуваат во борбата против обоените револуции, пред сè со информации. Тие знаат каква опасност ѝ се заканува на Србија“,рече Вулин во интервју за руската државна новинска агенција РИА.