Ерупцијата на Вулканот на Огнот во Гватемала зафати повеќе од 1,7 милиони луѓе, предизвика хаос во повеќе населени места, а пепелта затрупа цели населби.
Според последните агенциски информации најмалку 25 лица загинале, меѓу нив и две деца кои вжештената лава ги изгорела додека стоеле на еден мост и ја набљудувале ерупцијата. Десетици лица се повредени, соопштија спасувачките служби.
Најпогодени се општините Сакатепекез, Чималтенаго и Ескуинтла. Ветрот го сменил правецот и вулканска прашина донел и до главнот град Гватемал Сити.
Откако Вулканот на Огнот исфрлил прашина 10.000 метри во висина, Генералната дирекција за авијација ги запрела сите летови кон меѓународниот аердором Ла Аурора.
Претседателот Џими Моралес објави кризна состојба, а на луѓето им се советува да носат маски на лицето и да се евакуираат на безбедно. Локалното насление се советува да избегнува реки, а храната да ја покрива или да ја чува во контејнери.
Вулканот останува активен исфрлувајќи гасови.
„Во моментов вулканот уште се потресува и постои опасност од појава на одрони и свлечишта“, предупредија од Националниот институт за сеизмологија, од каде на наслението му се советува да остане најмалку 200 метри подалеку од местата каде има пепел и надојдени реки предизвикани од големото количество пепел.
Во моментот 900 полицајци се задолжени за безбедноста на граѓаните.