Меѓународниот аеродром „Бенито Хуарез“ во Мексико Сити вчера ја прекина работата поради пепел од вулканот Попокатепетл, кој е активен со денови.
„Поради присуство на вулканска пепел, аеродромот ја прекина работата во 4:25 часот по локално време. Ќе ве информираме за нови информации. Прекинот на работењето ќе биде продолжено „поради безбедносни операции за приближно уште два часа“, објавија на Твитер профил од аеродромот во 7 часот по локално време.