Преку склучување на договор „тежок“ 1,83 милијарди евра (2,12 милијарди долари), брендот „Мајкл Корс“ го купи планетарно популарниот бренд „Версаче“ и од компанијата најавија дека ќе го сменат името во „Капри Холдингс”.
Возбудени сме што „Версаче“ ќе стане дел од нашето семејство на луксузни брендови, а ние сме посветени на инвестирањето во неговиот раст, рече претседателот и главниот директор на „Мајкл Корс“, Џон Идол во соопштението за медиуми.
Модната куќа ,,Версаче” постои од 1978 година , а ја основаше Џани Версаче , кој беше убиен пред својата вила на 15 јули 1997 година , од кога со компанијата раководи неговата сестра, Донатела. „Версаче“ е 80% во сопственост на семејството, а преостанатите 20 отсто ги поседува приватната компанија „Blackstone Group“.
– Донатела ќе продолжи да води креативна визија на компанијата, изјави Идол.
Новиот сопственик планира да го зголеми продажниот објект на Версаче за 200 до 300 продавници. Со тоа, планира и да го зголеми прометот за 2 милијари долари, делумно со зголемување на процентот на обувки и аксесоари, кои се подостапни и полесно се продаваат.
Мајкл Корс е познат како луксузен бренд, иако е помалку ексклузивен, а неговите пониски цени означуваат далеку поширока клиентела. Минатата година го купи брендот „„Џими Чу“ за скоро 900 милиони фунти.