Уште 15.242 лица се заразиле со коронавирусот денеска, понеделник, во Франција. Тоа е ден кога бројките се обично пониски, поради „побавната“ статистика за време на викендите.
Во исто време, бројот на пациенти се зголемил за 56 на 6.843, а најтешките случаи на реанимација за 8, на 886.
За 24 часа починаа шест пациенти. Првата доза на вакцината ја примиле 40 милиони луѓе, што претставува 60% од вкупната популација.
Властите одлучија да побараат санитарна пропусница за сите собири со повеќе од 50 лица.