По повод 30 години успешна кариера, познатата американска поп-пејачка Мараја Кери на 2 октомври го издаде својот нов, двоен албум „The Rarities“, преку „Колумбија рекордс“.
Двојната компилација содржи 32 песни, а обожавателите ќе можат да погледнат и бонус-снимки, преработки, „капела“ верзии и неколку извадоци од нејзини концерти и турнеи.
Пејачката досега има продадено над 200 милиони албуми, и е најуспешниот соло-изведувач – со 19 песни на врвот на Билборд листата на сингл-нумери. Има добиено и бројни одличја „Греми“, „Американски музички награди“ и друго.
Како текстописец, композитор и продуцент, Мараја влезе и во „Холот на славните текстописци“. Како и многу свои колеги, се обиде и како глумица.
Покрај уметноста, таа е голем филантроп и добротвор.