Управната зграда во Скопје на некогашниот градежен гигант Бетон која неодамна беше огласена на банкарски оглас како дел од извршна и стечајна постапка, е веќе продадена, дознава ТВ21.
Според информации на ТВ21, оваа зграда е купена од нафтената компанија Пуцко Петрол за 5,1 милион евра.
Овој деловен објект се наоѓа веднаш зад Министерство за економија и е изграден во 2012, а според НЛБ Банка проценет е на 4.952.967 евра.
Како што тогаш пишуваше во огласот, во рамки на недвижноста се наоѓаат подвижни предмети, машини и опрема – канцелариски мебел и систем за видео надзор, систем за заштита од провала и кражба, систем за заштита од пожар, лифтови, комплет систем за греење и ладење – климатизација и вентилација, со вредност од околу 318.963 евра.