За над 50 отсто би поскапело парното греење, ако има основ РКЕ да ги прифати барањата на компаниите за топлинска енергија. Тие веќе ги доставиле пресметките до комисијата. Две од трите фирми за парно на ЕСМ бараат зголемување. Пресметки доставиле и ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Првиот човек на РКЕ, Бислимовски за Телма вели дека добро ќе се разгледаат нивните трошоци и за околу 10 тина дена, би се знаела новата цена на парното, која ќе важи од први август. ДДВ-то за топлинска енергија останува 5 отсто, и за сега нема најава дека ќе се менува.

-Дистрибуција бара зголемување за 50 отсто, снабдување за 54, 2 проценти, а за производство, намалување за 29,42 проценти. Во постапка сме на разгледување, за 10 дена ќе знаеме што е како е, се аналзиираат нивните трошоци. Ако се прифатат барањата за 54 отсто би било зголемувањето на цената на парното, вели Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Каква ќе биде цената на гасот во следниот период, Бислимовски смета дека тoa ќе зависи од европските земји.

-Да видиме како и што  ќе се случува. Најважниот дел е сега, дали европските земји ќе треба да ги полнат своите складови со природен гас. Ако има потреба од такво нешто, се очекува да има зголемување на цената, но не очекуваам бројките да бидат луди ако лани, вели Бислимовски.

Се надева и дека ЕСМ на време ќе успее да го санира топловодот, кој беше оштетен во пожарот на мостот Беласица, затоа што е многу важен за да се испорачува топлинска енергија во текот на цела грејната сезона, по подобри цени. Од државните електрани пак соопштија дека се започнати сите активности за остранување на опожарениот топловод. Од компанијата уверуваат- ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија.

Ова е втора грејна сезона како ЕСМ менаџира со парното греење. Откако и се одзедоа лиценците за работа на БЕГ, Владата ги задолжи државните електрани да го прават тоа. За таа цел, ЕСМ формираше и три нови фирми, за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Градско парно користат околу 60 илјади домаќинства. Најмалку приклучени има на топланата Скопје Север, па на ЕСМ Енергетика или  познатото железарско парно. Топланата Север лани прва почна да грее, но се соочи и финансиски проблеми.