Албанската опозиција во реакцијата за реконструкцијата на Владата оцени дека тоа е само мајтапење со народот и оти денеска паднала Владата на премиерот Еди Рама.

Лидерот на најголемата опозициска сила Демократската партија, Љуљзим Баша изјави дека Рама за министер би можел да го назначи и неговот возач или педикир, бидејќи „нема кој да го спречи“. За сменетите министри тој рече дека се корумпирани и инкриминирани и оти тоа што се сменети не е доволно, туку треба да излезат пред лицето на правдата.

– Со денешниот чин, Еди Рама потврди дека не му се потребни министри и оти директно владее со олигарсите и со криминалот. Со ова тој одредува како им се краде имотот и парите на Албанците, со нив владееше пет години и со нив ќе продолжи да владее, истакна Баша

Според него новите министри се мешавина на неспособни, анонимни, а дел и корумпирани лица.

– Но, нивната улога е да послужат единствено како фасада на владеењето на Еди Рама со олигарсите и претставниците на организираниот криминал. Промените во Владата само ја потврдуваат целосната деградација на Социјалистичката партија, дури промените самите по себе ја покажуваат тешката психичка состојба на Еди Рама, обвини  Баша.

Експресно на тоа иронично му одговори Рама велејќи „се извинувам не го сменив и Љуљзим Баша“.

Лидерката на третата по големна партијата во земјата, опозицисокото Социјалистчко движење за интеграција, Моника Круемади изјави денеска дека паднале и Владата и премиерот.

– Апелирам до сите чесни социјалисти да реагираат и да ја земат судбините на партијата во свои раце. Ако не го сторат тие, тоа ќе го направат Албанци, порача Круемади, која е сопруга на претседателот Илир Мета.

Според неа Рама денеска сменил дел од машината за дрога, но заборавил дека треба да ја оддалечи и машината за криминал.

Претседателот Мета за реконструкцијата на Владата наведе дека за него од суштинско значење е да се смени филозофијата на владеењето, но доколку тоа не се постигне промените во составот на Владата немаат вредност.