Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“ поради инвазијата што ја започна врз Украина. Тоа е прва таква квалификација од Бајден за Путин откако Русија почна со инвазија врз Украина.
„Тој е воен злосторник“, изјави Бајден пред новинарите во обраќањето во Белата куќа. Тој, исто така, го обвини рускиот претседател за „силно уништување во Украина“, бомбардирање згради, породилишта и болници.
„Зборовите на американскиот претседател Џо Бајден, кој го нарече рускиот лидер Владимир Путин ‘воен злосторник’, се неприфатлива и непростлива реторика“, реагирал за ТАСС прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.