Селото Рилци кај Благоевград (Горна Џумаја) има вкупно 789 жители и 3.562 Македонци со бугарски пасош кои се регистрирани на адреса со непостоечки број.
Поради тоа во Рилци е во тек дерегистрација на бугарски државјани од Македонија кои ќе бидат избришани од избирачкиот список доколку не испратат апликација за гласање.
Дерегистрација започнала откако фактичките жители на Рилци испратиле писмо до обвинителството и полицијата со барање да престане регистрацијата на Македонци на непостоечки адреси.
Таков проблем има и во повеќе други села во Благоевград и други населени места како што се Сандански, Петрич и Кресна.
Претходно беше откриено дека во селото Бело Поле во Благоевград на една адреса има регистрирано над 600 лица.