Во пресрет на конгресот на СДСМ излегоа имињата на кандидатските листи.
Во единицата листата ќе ја предводат носителот на срамот со договорот со Грција Никола Димитров и Мила Царовски. Во двојката на чело ќе бидат единствениот министер за внатрешни работи во историјата на државата без запленет грам кокаин Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.
Листата во изборната единица 3 ќе ја предводат Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска, а во изборната единица 4 Зоран Заев и кандидат од коалицијата.
На чело на петката ќе бидат Радмила Шекеринска и Јован Митревски, додека во шестката тоа ќе биде Билал Касами од колициониот партнер Беса, како и Фаница Николовска.