Кире ПИШМАНОВСКИ

Старец Аарон Долгобрад – најдолгата брада на Света Гора

Во почетокот на 19. век во скитот Кавсокаливија живеел свеблажен старец. Неговата брада била како на преподобниот Онуфрија и преподобниот Петар Атонски – четвртина брада лежела на земјата. Кога некој би посакал да ја види, тој се качувал на клупа и тогаш брадата ја допирала земјата.
Овој старец на почетокот бил прв и прочуен пеец на Света Гора и сличен глас на неговиот немало од порано. Немало манастир кој не го молел на празник да дојде само поради пеењето.

Но, на еден од празниците пеел на бдението и се возгордеал со својот глас. После тоа неговиот глас целосно пропаднал и тој веќе не бил во состојба да пее и оттогаш западнал во голема тага. Се зборувало дека му било испратени видение и дека самата Царица Небеска го известила дека гласот му е одземен затоа што не умеел со него да владее и дека само се гордеел; меѓутоа, за утеха ќе му биде дадена голема брада; само што овај пат не сме да се погордее, оти и од неа ќе биди лишен.

И почнала да му расте брада и пораснала до четвртина од неговите нозе. Тој секогаш ја носел подврзана, а ја покажувал само на оние кои сакале да ја видат.
Еднаш во Константинопол покрај патријаршијата поминувал султанот Махмуд. Го обзела љубопитност да погледне во христијанската црква. Го пречека самиот патријарх; султанот долго ја разгледувал црквата. И ја видел иконата од Свети Петар Атонски и Онуфрија Велики и му рекол на патријархот:

-Е, ова е лага! Како е можно човек да има ваква брада?

Патријархот смирено му одговорил дека тоа не е лага, туку чиста вистина и дека и во сегашно време на Света Гора живее монах кој има толку долга брада. Султан побарал да му го донесат за да ги види. Монахот дошол и му се јавил на султанот. Тој му наредил да му ја покажњ брадата, па монахот застанал пред него и ја распуштил. Султанот многу се изненадил и вчудоневидил бидејќи брадата била дури и подолга од оние што ги видел на иконите.
Затоа самиот посакал да се увери дали брадата е вистинска: зел едно влакно од почетокот на лицето и со своите прсти продолжил до крајот; така пробал со 3 влакна. Потоа гледајќи ја брадата вчудоневиден, рекол:

– Кај христијаните, се што е запишано се е жива вистина!

А на монахот му дал ферман за до неговата смрт тој да не плаќа данок. Овој старец се упокоил 1835 година.