Директорката на Токсикологија Бесија Иљази за два месеци раководење го зголемила долгот на клиниката за два милиони денари и не доаѓала на работа. Ова се само дел од низата обвинувања од страна на вработени во Клиниката кои преку писмен допис до медиумите се пожалија за нејзиното работење, објавува ТВ Телма.
„Со назначување на В.Д организациски директор Бесија Иљази на ден пред формирање техничка влада на нашата клиника(иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори) се случува деорганизација, а не организација. Поточно од нејзиното назначување за помалку од два месеци долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиони денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути поточно на работа доаѓа во 10:00 часот а работното време и завршува во 14:30“, велат вработени во Токсикологија.
Во дописот вработените посочуваат и за други нерегуларности во врска со клиниката.
„ Исто така Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани. Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабараторија веќе два месеци истата не врши валидација на издадените резултати“, велат вработени во Токсикологија.
Телма побарала став од директорката за обвинувањата на вработените, но одговори ни најави за утре. Од телевизијата поставиле прашања и до Министерството за здравство но ниту од таму нема одговор.
Извори на Телма брифираат и за мобинг и притисок на вработени за да стават потпис за нови вработувања, иако како што велат немаат законска можност да вработувааат нови лица за време на избори. Како што дознава Телма најверојатно за утре ке биде закажана и прес конференција на вработените за информирање на работењето на Клиниката за Токсикологија.