ЗА ЕДЕН ЧАС ВО ГЕВГЕЛИЈА НАВРНАА 28 ЛИТРИ ДОЖД
Како што известува гевгелиската ТВ Нова, Гевгелија, во раните претпладневни часови, беше зафатена со нестабилно време проследено со ветер, грмотевици и силен дожд.
Како што информирале од Метереолошката станица во Гевгелија, за само еден час, од кои дваесеттина минути траел силен пороен дожд, измерени се 28 литри наврнат дожд на метар квадратен.
Невремето не предизвикало некои поголеми штети, освен преполнети шахти и повеќе вода на улиците за време на невремето . Во ТППЕ Гевгелија нема пријавено потреба за интервенции со пумпи во станбените објекти, додека екипи на ЈПКД „Комуналец“ интервенираат со чистење на шахтите и улиците таму каде што е потребно, истакнува ТВ Нова.