Во првите десет месеци лани во земјава биле увезени 566,6 тони кафе со вкупна вредност од 2.463.677.171 денари или 39.993.684 евра.
Според податоците од Државниот завод за статистика во земјава најмногу кафе – печено или непечено или без кофеин; лушпи и ципи од кафе и замени за кафе што содржат кафе во кој и да било сооднос, се увезувало од Бразил (46%), Италија (18,7%)и Косово (8,8%).
Од Бразил во првите десет месеци годинава биле увезени 261,5 тони кафе, со просечна цена од по 330 ден/кг, потоа следи Италија – 1,05 тони кафе со просечна цена од 764 ден/кг и Косово – 50 тони кафе, со просечна цена од 287 ден/кг.
Потоа следува Уганда – 31,5 тони, Виетнам – 28,7 тони, Индија – 22,6 тони, Хрватска – 13,1 тон и Кенија – 9,8 тони кафе.
Во 2024 година во земјава, според податоците од Државниот завод за статистика биле увезени вкупно 7 223 154 килограми кафе – печено или непечено или без кофеин; лушпи и ципи од кафе и замени за кафе што содржат кафе во кој и да било сооднос.
Фото: архива




