Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска смета дека во овој момент покачувањето од 18,4 отсто на платите колку што го бара СОНК не е соодветно во време на економско-енергетска криза, кога Владата изминатиов период ја донесе минималната плата, ги покачи пензиите и донесе пакет антикризни мерки.
„Моментумот за покачување на платите од 18,4 отсто не е реален,“ рече Тренчевска во дебатата на Телма, на која приуствуваше и првиот човек на СОНК Јаким Неделков и министерот за обраование Јетон Шаќири.
Тренчевска рече дека социјалниот дијалог со синдикатите треба да продолжи се додека не се најде соодветно решение и дека две средби се малку за решавање на толку важно прашање.