Во катастрофалниот скопски земјотрес кој се случил на 26 јули 1963-тата година 1.070 луѓе го загубиле животот, а 3.000 биле повредени.

Катастрофалниот земјотрес се случил во пет часот и 17 минити, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.

Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот беа урнати 15.800 станови, а оштетени беа 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.

Во една зграда таа ноќ само еден прозорец бил осветлен. До тоа кобно утро еден инженер се уште работел на своите трудови кога се почнало да се урива. Сите негови, целата фамилија спиеле.

Тој ја зел ќерката од креветот и заедно со душекот и со постелата ја завиткал и ја фрлил од четвртиот кат.

Девојчето паднало на еден полковник, кој не можел да ја задржи и таа се лизнала на асфалтот.

Паднала, но падот бил ублажен. Девојчето било повредено, но останало живо. Инженерот, жена му и синот загинаа. Зградата се урна по вториот потрес, раскажува еден сведок.