Претседателот Стево Пендаровски ги оцени како легитимни барањата за одложување на пописот поради состојбата со пандемијата. Тој вели дека нема да биде крај на светот ако пописот се одложи за месец или два.
-Јас ги слушам повиците за разгледување тајмингот на пописот, корона, вакцини и слично. Тоа се сериозни прашања. Не гледам греда, пописот да се одложи за месец и или два. Тоа се легитими барања, оние што се однесуваат во доменот на здравстото. Нема да биде крај на светот. Не велам да се одложи за цела година, но месец или два не би биле проблем. За секој граѓанин да се чувствува безбедно, да не се плаши кога некој ќе му дојде во домот, вели Пендаровски.
Според него небуолоза е дека некој може да штелува процент како што беше пренесувано но медиумите, и со пописот од куќа во куќа полесно ќе се наштелува.
„Нашите датотеки ноторно се несигурни и не се пополнети со децении. Ако направиле саглам попис со новите технологии, можеме со мала политичка волја да ги исчистиме дури и за локалните избори, гласачките листови.“ – рече Пендаровски.
Пендаровски рече дека методологијата ќе биде дадена на увид на сите и тука може да се имплементираат конструктивни предлози. Имаше неколку решенија, рече Пендаровски кои нему му се чинеа издржани во однос на законот за попис предложен од опозицијата и неприфатени од власта, рече Пендаровски.
„Имаме жестока политичка полазризација 30 години. Кај нас дојде време да се сретнаат парртиите на власт и опозицијата и да се скараат. Ти мораш да разговараш и со оние кои не те гласале. Одговорноста во овој случај треба да биде кај власта и да подава рака на опозицијата.“ – рече Пендаровски.
Тој смета дека најголема штета од пописот ќе имаат оние кои повикуваат на него, бидејќи се залагаат за една етничка заедница.