Македонските граѓани и компании за пет години инвестирале над 50 милиони евра во станови во Грција, покажува статистиката на Банката на Грција.

Најголемиот инвестициски бум се случил лани – македонските граѓани вложиле 19 милиони евра за стан покрај море. Но интересот е голем, а и бројките не се дефинитивни – ако се земе предвид фактот дека голем број македонци имаат ЕУ пасоши.

Најмногу се купувале апартмани до 50 квадрати околу Солун и Халкидики. Податоците покажуваат дека ако во 2019 и 2020 година се вложувале по 2 милиони евра во недвижности во Грција, во 2021-та 7 милиони евра – од наредните години износот станал двоцифрен, се искачил на 10 и 11 милиони евра во 2022 и 2023 година.