НАТО денеска соопшти дека го зголемил воениот буџет за 2024 година за 12 отсто, на 2,03 милијарди евра, додека цивилниот буџет на Алијансата е зголемен за 18,2 отсто, на 438,1 милиони евра.
Според НАТО, зголемувањето и проширувањето на заедничкиот буџет им овозможува на сојузниците поефикасно да се справат со заедничките безбедносни предизвици.
Цивилниот буџет на НАТО обезбедува финансирање за персоналот, оперативните трошоци и програмското проширување на штабот на НАТО и неговиот меѓународен персонал, додека воениот буџет ги покрива оперативните трошоци на командната структура на штабот на НАТО, мисиите и операциите низ светот.