Денес, на Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје, за прв пат во Македонија е изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк, објави на својот фејсбук Д-р Игор Мерџаноски, директор на ТОАРИЛУЦ.

Facebook / Igor Merganoski

„Операцијата ја изведоа Д-р Макридис Константос од Грција, Д-р Игор Мерџаноски, директор на ТОАРИЛУЦ, Др.Дурим Асани раководителот на ортопедијата и тимот на клиниката. За време на интервенцијата се користеше компјутерска навигација, која овозможува прецизно поставување на протезата со 3D визуелизација на колкот во реално време.

Покрај хирурзите, лекари и помошен персонал се едуцираат за користење на навигацискиот систем, што овозможува широка примена на оваа технологија во иднина.

Денес се предвидуваат и три операции со навигациски систем за вградување на протези на колена, при што во еден случај ќе се заменат двете колена одеднаш – ретка и комплексна интервенција кај пациенти со билатерална артроза (gonartroza) на колената“, објасни во објавата.