Местото на германската канцеларка Ангела Меркел го освои кандидат на социјалдемократите за првпат од 1990 година, јави ДПА.
Во германскиот изборен систем, гласачите имаат два гласа: првиот е за кандидат по свој избор во нивната изборна единица; вториот е за партија.
Директното парламентарно место на Меркел во нејзината изборна единица во Мекленбург-Западна Померанија го освои Ана Касауцки од ривалската Германска социјалдемократска партија (СДП).
Кандидатот на Меркел за Христијанско -демократската унија (ЦДУ) за овој мандат, Георг Гинтер, се најде на второто место.
Меркел беше избрана во германскиот парламент за директен мандат од таа изборна единица за првпат во 1990 година и оттогаш победи на сите последователни избори. Таа не се кандидираше на сегашните избори.
Губењето на тој мандат е уште еден удар за демохристијаните, кои беа поразени на вчерашните парламентарни избори.