Речиси половина од Американците, 44 проценти, ја одобруваат работата што ја врши претседателот Доналд Трамп, што е за два процентни поени повеќе во однос на минатиот месец, покажа новата анкета на Ројтерс/Ипсос.

Ова е прв пат од неговата инаугурација во јануари анкетите да покажуваат пораст на популарноста на американскиот претседател.

Според анкетата, 52 проценти од испитаниците не се задоволни од начинот на кој поминува вториот мандат на Трамп.
Поддршката за економските политики на Трамп исто така се зголеми, при што 39 проценти од испитаниците ја поддржуваат, што е за три поени повеќе во однос на минатиот месец.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 69 проценти од испитаниците се загрижени за рецесија, во споредба со 76 проценти пред еден месец.

Покрај тоа, загриженоста за берзата се намали за седум поени, на 60 проценти од граѓаните.