Во политиката нема лесни денови, а уште помалку лесни избори – особено за жените. Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска во интервју за Хит портал зборува за својата мисија, поддршката од семејството, потребата жените да се слушнат погласно и причината зошто секој успех го мери со насмевките на своите најблиски.
Како изгледа едно Ваше совршено слободно утро – кога нема состаноци, расправи и обврски?
Станувам многу рано. Утрото ми е омилениот дел од денот, а денот го започнувам со кафе и добра музика – најчесто џез музика. Секогаш, дури и слободниот ден ми е однапред испланиран, а тој ден најчесто се посветувам на домашните обврски. Живееме во семејна куќа и тоа ми дава удобност, но бара и голема посветеност. Кога сме сите дома сакам и практикуваме да појадуваме и да ручаме сите заедно, будејќи смејната трпеза за мене е еден семеен ритуал во кој си ги споделуваме сите случувања, достигнувања, пречки и планови. Во моето секојдневие неизбежен дел се моите соседи. Уживам во разговорите, смеата и помошта што секојдневно си ја пружаме. Семејството и соседите ги вбројувам во она што се нарекува мое совршено секојдневие.
Што најмногу Ве релаксира по напорен ден – добра книга, шетање или можеби тишина?
Не секогаш имам доволно време да се релаксирам, а посебно додека трае учебната година. Завршетокот на еден напорен ден ми продолжува во разговори со децата за тоа како тие си го поминале денот, подготовки за следниот, а време за релаксирање за мене е секогаш – утрото. Затоа најмногу го сакам утрото. Честопати има напорни денови, но кога ќе погледнам во очите на моите дечиња, знам дека секој напор е вреден и целата тежина одеднаш исчезнува.
Кога последен пат се насмеавте до солзи и зошто?
Смеа до солзи предизвика една случајна средба со другар од детството, на кого денс сум му кума. Спонтано се присетивме на нашето детство, на тоа какви сме биле некогаш, а какви сме денес. Понекогаш…со некои луѓе, само да се погледнеме во очи, пред нас оживува токму тој момент кој некогаш ни предизвикал смеа до солзи, па и без да изустиме и збор, смеата започнува.
Целото интервју на пратеничката Стаменкоска-Трајкоска прочитајте го на Хит портал