Ироничен коментар денеска е објавен на социјалните мрежи во врска со акцијата на власта на поранешниот премиер Зоран Заев, насекаде да се бруси и брише симболот на 16-кракото сонце што беше и на државното знаме на Република Македонија, по осамостојувањето.
На Фејсбук е објавен поклопец од шахта во соседна Албанија, на која пишува Поградец и неизбрусениот симбол што во акцијата во Македонија се бришеше, брусеше и пребојадисуваше на сите јавни места.
Оваа акција следуваше по потпишувањето на Договорот од Нивици за смена на уставното име на Република Македонија, а потоа следуваше бришење на симболот 16-кракото сонце, како и бришење на називите „македонски“ од државни институции од културата, како Македонската опера, Македонскиот народен театар итн.
(Д.Г.)