Во Њујорк денеска е првиот работен ден кога, по наредба на градоначалникот Бил де Блазио, сите вработени во градот мора да се вакцинираат против Ковид-19, иако голем број полицајци и пожарникари одбиваат да се вакцинираат, а според еден од синдикатите задолжителната вакцинација ја оцени како рецепт за катастрофа.
Демократот де Блазио пред околу две недели најави задолжителна вакцинација за вработените во градската администрација истакнувајќи оти градот со 8,8 милиони жители може да се справат со каков било недостиг од полиција, пожарникари или санитарни работници преку промени во распоредот и прекувремена работа.
Процентот на вакцинирани полицајци и пожарникари е под оној на другите вработени во градот, а синдикалните лидери тврдат дека градоначалникот ќе биде виновен доколку се распадне системот на итните служби во најголемиот американски град.
Законските обиди на полициските и противпожарните синдикати во Њујорк и на други места досега беа неуспешни, а државните и федералните судови не сакаа да ги поништат одлуките за задолжителна вакцинација.