Катар ќе биде денеска домаќин на новиот круг посредни преговори меѓу Израел и Хамас во обид за постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, изјави за АФП палестиски извор запознаен со преговорите.
„Посредниците го известија движењето Хамас дека новиот круг посредни преговори меѓу Хамас и Израел ќе почнаат оваа недела во Доха“, изјави изворот, додавајќи дека делегацијата на палестинското исланистичко движење, кое го предводи Халил-ал-Хаја веќе е во Доха.

Израелската државна телевизија објави дека израелската делегација ќе замине за Доха рано попладне. Овие преговори ќе бидат насочени на условите за можен договор за прекин на огнот, посебно задржувајќи се на ослободувањето на заложниците во Газа и на палестиските затвореници во Израел, наведува истиот извор.

Исламското движење побара значајни испораки на хуманитарна помош на палестинска територија, додаде изворот, како и „гаранции за траен крај на војната“.

„Денот потоа мора да биде во целост палетински“, изјави во интервју за АФП во неделата Јихад Таха, портпарол на Хамас кој се противи на секое меѓународно преземање или израелско преземање на територијата по војната.

Според палестински извори запознаени со преговорите, предлогот поднесен до Хамас вклучува 60-дневно примирје за време на кое движењето би ослободило 10 живи заложници, како и неколку тела на мртви заробеници, во замена за ослободување на Палестинците кои го држи Израел.