За уривачите на уставниот поредок се издигна споменик висок 20 метри кој чини над 200 илјади евра, за убиените бранители кај Карпалак и по 22 години само една табла која секоја година ја сквернават… Дваесет и две години по конфликтот, за припадниците на УЧК се издигаат споменици кои ги промовираат Али Ахмети и министрите Албанци, но за македонските бранители кои ги дадоа животите за одбрана на државата министрите од СДСМ јавно молат за да се дозволи изградба на достоинствено обележје.
Врие во јавноста по последното одбележување на годишнината од Карпалак на кое министерката за одбрана Славјанка Петровска побара дозвола од Општина Желино за да се изгради достоен споменик за прилепските резервисти. Но дополнително, што бранителите и нивните семејства и натаму се борат за своите права, правдата но и вистината. За омаловажувачкиот однос на власта кон овие луѓе зборува и ставот на вицепремиерот и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи, кој неодамна во телевизиско гостување за бранителите рече дека условно се бореле. Ваквиот однос на власта според експертите е срамен и понижувачки.
Mинистерката Петровска нема коментар за ставовите на нејзиниот сопратиец и колега во власта. Таа најави дека во процедура е усогласување на закон за изградба на споменик.
Во тек е меѓуресорско усогласување на предлог законот кој е во интерес на семејствата на загинатите, очекувам таа консултација да заврши за 10тина дена и предлог законот ќе биде поднесен.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи во телевизиското гостување прашан за посебниот закон за бранителите кој ДУИ и СДСМ во мај годинава гласаа против, тој вели дека за последниве 3 години не видел издржан предлог со кои ќе се обесштетат бранителите кои според него, условно се бореле.
Поминаа 2 децении а бетонската банкина е единственото обележје на крвавиот масакр кај месноста, Карпалак. 8 август ќе биде запаметен како еден од подмолните напади врз армиските сили кога во утринските часови беше погодено транспортното возило на армијата во кое беа 8 војници и двајца офицери, сите од резервниот состав од Прилеп.