Ова е втората фаза од клиничкото испитување на лекот фамотадин, кој кај нас се произведува како фамосан во таблети од 20 и 40 мг. како лек против Ковид 19.

Истражувањето е објавено во British Medicine Journal (BMJ), а заклучокот е дека фамотадин е безбеден лек што е добро толериран од пациентите со блага до умерена клиничка слика и доведува до порано ослободување од симптомите и вопспалителниот процес без да има негативно влијание на имунитетот на пациентот.

Истражувањата за фамотадинот се зпаочната уште од февруари 2020 година, пред да започне епидемијата во САД, а во Европа беше зафатена само Италија, но како и со многу други лекови против Ковид 19, тие истражувања за бавни, со многу кочници, наспроти дозволите кои експресно се издаваа за екперименталните вакцини.

Инаку, фамотадин е лек за гастро проблеми. Нејасно е како еден гастро-лек влијае врз вирусот, односно последиците од него, што е мошне чудно, но чуден е и самиот вирус, па веројатно таков треба да биде и лекот против него.

Инаку, на пациените им бил даван фамотадин од 80 мг. три пати на ден. Објавата на BMJ можете да ја прочитате на погоре постираниот линк.