Министерството за внатрешни работи информира дека од синоќа, од 22:00 до 04.00 часот е спроведена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територија на цела држава при што санкционирани се 141 возач.
Од нив, 30 се на територијата на СВР Битола, 20 на територијата на СВР Штип.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштениетоод МВР.
На територијата на Град Скопје се изречени вкупно 202 мерки. Од нив 65 се за возење над дозволената брзина, 24 за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, констатирани се 15 прекршоци на возачите на мотоцикли и 52 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.