За време на пандемијата на коронавирусот во Велика Британија, вкупниот број на смртни случаи од сите причини во земјата е за околу 64.000 повисок од вообичаеното, покажуваат најновите статистички податоци.

Епидемиолозите сметаат дека таканаречената вишок морталитет, односно бројот на смртни случаи од сите причини кој го надминува петгодишниот просек за даден период во годината, е најдобриот начин да се утврди бројот на смртни случаи како резултат на епидемија, бидејќи овие податоци се споредливи на меѓународно ниво.