Не им е проблем Северна, туку проблем им е македонскиот успех, коментира Марјан Забрчанец, советник и чиновник во владите на премиерите Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

Владиниот чиновник им лепи антипатриотски етикети на патриоти кои не се согласуваат со насилната смена на името на Македонија.

– Нема поголем антипатриотски чин од тоа во друга држава да ги прелепуваш македонските вина и со тоа да ја уништиваш оригиналната амбалажа и да ги одбиваш купувачите. Директна штета на македонската економија. Башка што со толкави букви на кутијата пишува Mazedonien. А, пак домашните ”патриоти” си нашле причина оваа глупост да ја промовираат како нешто добро. Врв на глупоста и врвен антипатриотизам. На овие групации не им е проблем Северна, проблем им е македонскиот успех, објави Забрчанец на Фејсбук.

 

Како што објавивме вчера, револтирани Македонци во Германија, на етикети со Македонски производи додале налепници „никогаш Северна, само Македонија“.