Во Сибир неодамна беше забележан случај на вонматерична ектопична бременост, која секогаш завршува со инициран абортус, но овој пат бебето некако успеа да преживее.
Украинска бегалка од провинцијата Донбас (31) успеа да изведе таква бременост без ниту едно испитување или посета на доктор.
Бебето е добро и се вика Вероника.
Името значи “победа” што девојчето целосно го заработи, бидејќи само едно од 625 милиони бебиња успева да ја преживее оваа бременост.
Најчесто вонматеричите бремености се случуваат од вештачко оплодување, но ова бебе е зачнато природно. Се разви во матката, а таквите бремености најчесто се завршуваат со абортус.
До сега, покрај малата Вероника, забележани се само 12 вакви случаи во светот.
А тоа не е сè!
Мајката и таткото на малата Вероника одлучиле дека таа нема да се роди во болница. Бидејќи целата бременост беше во ред, тие сакаа да се породи дома. На почетокот, сè беше добро. Таа чувствуваше се посилни и почести контракции, се подготвуваше за породување, а потоа контракции нагло престанаа.
Тогаш одлучија да побрзаат во болница каде ја оперираше тим од дури 10 лекари. Операцијата беше сложена и многу ризична. Но, двете заедно победија сè.
– Сфативме дека операцијата беше успешна кога бебето почна да плаче – вели д-р Марат Зазиев, еден од докторите кои ја родиле.
И мајката и ќерката сега се безбедни и здрави.
Според руските медиуми, лекарите сега ја истражуваат причината за природна бременост која доведе до развој на бебе надвор од матката, а нејзиниот случај ќе продолжи да се разгледува и од научните и од медицинските кругови.