Ракчиња, маринирано месо и зеленчук, но и чоколадна торта и овошен пунч вечераа претседателите на САД и Северна Кореја Доналд Трамп и Ким Џонг-ун денеска во Ханој.
Гласот на Америка, повикувајќи се на Белата куќа, го објави менито, а според него Трамп и Ким почнале со мешавина од ракчиња, азиска зелка, авокадо, свеж лимон и билки.
За главно јадење уживале во лесно печено месо во сос и кимичи – традиционално корејско национално јадење, подготвено од ферментиран сезонски зеленчук и други состојки во крушка.
За десерт им била послужена чоколадна лава торта со зрнесто овошје и сладолед од ванила.
За време на вечерата, која траела еден час и 42 минути, двајцата претседатели пиеле пунч со сушено јапонско јаболко и мед.