Ако опозицијата го блокира гласањето за Законот за Јавното обвинителство тогаш Собранието нема да се распушти, вели екс-премиерот Зоран Заев, директно најавувајќи можност за одложување на изборите.
„ Законот за мене е многу важно да се гласа во Парламентот. Значи кога ќе се гласа во парламентот тој може да се донесе и да не се донесе, друга опција нема. Ако се обидува опозицијата да го минира, да го блокира или на било кој начин неговото донесување, односно гласање, тогаш нормално дека парламентот нема да се распушти се додека не заврши процесот на изјаснување на Законот за ЈО, како и протоколот за НАТО или Законот за одбраната или сличните закони. Затоа што дел од агендата за која што се договоривме сите е дека овие законски решенија до распишувањето на изборите и распуштањето на парламентот ќе се изгласаат. Ако некој го прекрши тоа тогаш нормално дека распишувањето на изборите и распуштањето на парламентот тоа нема да се случи.
На 12 април се изборите убаво е на 12 февруари како што објави претседателот Џафери тоа да се случи. Изборите се распишуваат и парламентот се распушта од 45 до 60 дена. Значи имаме еден бафер од 15 дена за распуштање на парламентот и распишување на изборите како што тоа законот го дава. Но јас верувам дека се ќе биде завршено на 12 февруари, да се распишат изборите и да се распушти парламентот“ – вели Заев.