Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица присуствуваа на приемот организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, во Њујорк за време на Генералното собрание на ОН.
– Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк за време на ГС на ОН. Претседателот ни упати порака дека го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа. Чест е да се добие ваква поддршка од врвен лидер и креатор на глобални договори – напиша Заев на Фејсбук.